Скапите нараквици по кои полудеа трендсетерките, може да ги направи секое дете

Точка

20/04/2019

13:18

4.433

Големина на фонт

а а а

Летните кампови се инспирација за многу филмови, а изгледа и за модните трендови. Но, дури и оние кои не биле во летни кампови во детството, сигурно „се пробале“ во дизајнерскиот свет.

Се разбира, зборуваме за накит кој се изработува со нижење монистри на конец.

Токму идентичните нараквици во знак на пријателство кои сте ги носеле вие и вашата најдобра пријателка во основно училиште (за на сите уште на прв поглед да им е јасно дека сте BFF), станаа вистински „must have“. А, најважно од сè е тоа што чинат далеку повеќе од износот кој сте го одвојувале од својот џепарлак, за да купите монистри. Подеднакво се популарни и ланчињата направени во истиот стил. Да, знаеме дека сега ви е жал што сте ги загубиле сите оние ракотворби...

Голем број дизајнерски имиња се опседнати со ваквите нараквици и ѓердани, па во свите колекции додале накит кој може дури и вашето дете да го направи. Така славната дизајнерка на накит, Каролина Бучи, ја претставила колекцијата на „Forte Bead“, која вклучува ѓердан и разни монистри, а неговата цена е неверојатни 1970 долари.

Но, во овој случај мнистрите се вушност скапоцени камења, па веројатно сега е појасна и неверојатната цена.




Спонзорирани линкови

Маркетинг