„Единствена Македонија“ ги повика граѓаните да не излегуваат да гласаат

Макфакс

19/04/2019

17:02

1.378

Големина на фонт

а а а

Сведоци сме дека во тридецецениската плурална историја на Македонија не и`оди добро и менувањето на власта на претседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не менува ништо. Се повеќе Македонци се свесни за оваа ситуација и се обидуваат да најдат излез од оваа лоша состојба, истакна лидерот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев.

„Затоа, македонскиот народ и поглем дел од граѓаните на Република Македонија, сега со право се прашуваат што на овие избори – да се излезе или да не се излезе на гласање? Денешната моја изјава е токму во оваа насока, да го пренесам одговорот на „Единствена Македонија“ на ова многу битно прашање.

Ставот на „Единствена Македонија“ е, да не се излегува на гласање. Еве ги причините:

Познато е дека „Единствена Македонија“ го подржа кандидатот на „Македонија-Блокира„.

Познато е дека ДИК по налог на своите странски газди спречи да се соберат потребните потписи преку бројни фалсификати и не отворање на подрачните канцеларии на ДИК и не отворање на дипломатско-конзуларните претставништва во странство, заради што, околу 17.000 гласачи кои ги имавме во нашите интерни списоци беа спречени да се потпишат. Тоа е веќе историја! За ова поднесовме и кривична пријава до ЈО.

По ова страшно злосторство од ДИК по налог на нивните странски ментори, „Единствена Македонија“ како партија која секогаш е на првата линија во борбата за националните интереси, поаѓајќи од сопствената одговорност не може да стои на страна во ови тешки моменти за државата, дотолку повеќе како партија мора да го кажеме нашиот став за ова прашање!

А опциите се или да го подржиме Пендаровски или да ја подржиме Силјановска или да повикаме на неизлегување на изборите.

За „Единствена Македонија“ нема дилема. Во услови кога „Единствена Македонија“ и македонскиот народ се силно вознемирени што нема македонски кандидат на изборите за одбрана на највисоките национални и државни интереси, одговорот дојде сам по себе.

Нашиот одговор е: Го повикуваме македонскиот народ и поголем дел од граѓаните да не излегуваат на изборите.

Ние во „Единствена Македонија“ сме свесни дека со бојкотот не се решава стратешкиот интерес на Македонија за поништување на актите на марионетската власт за бришење на се што е македонско.

Меѓутоа, доколку бојкотот успее, се отвора патот за политичка криза и распишување парламентарни избори. А токму после следните парламентарни избори, било да се редовни или вонредни, може да го осигураме стратешкиот интерес на Татковината.

Единствена надеж за Македонија е доколку по следните парламентарни избори дојде народна власт, прво, со определба да го поништи Договорт за промена на името со Грција како спротивен на домашното и меѓународното право и второ, да дојде народна власт за која светот е поширок и не завршува во Брисел.

Само така Македонија ќе го оствари својот базичен интерес за држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата според меѓународното право и држава која има меѓународно правно-признатото право да го носи името – Република Македонија.

Ние во „Единствена Македонија“ сме целосно спремни да бидеме предводници на тој процес.

Затоа, народот нема право на грешка на наредните парламентарни избори. А најголемата грешка би била ако продолжи македонската трагедија со воспоставениот двопартизам на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

За крај, во мое лично име и во името на партијата „Единствена Македонија“ ве повикувам браќа Македонци и сестри Македонки и сите граѓани на Република Македонија да не излегувате во недела на претседателските избори и на тој начин да не се добие потребниот цензус, изборите да бидат неуспешни со што го отвораме патот да ја вратиме Република Македонија на илинденските и асномските принципи.Ние во „Единствена Македонија“ сме целосно спремни да бидеме предводници на тој процес“ порача Бачев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг