Николоски: ВМРО-ДПМНЕ е обединето и силно, во постојана координација и комуникација со членството

Макфакс

26/11/2026

11:10

144

Големина на фонт

а а а

Александар Николоски појаснува дека ВМРО-ДПМНЕ е обединето и силно партиско движење кое постојано е во комуникација и координација со своето членство, фокусирано на развојни проекти и нови политики за напредок на државата.

Вчерашниот ден го завршивме со состанок со општинскиот комитет во Неготино, извести преку социјалните мрежи, Александар Николоски, вицепремиер и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ е обединето и силно, во постојана координација и комуникација со членството. Во директна комуникација со членовите разговаравме за развојни проекти, нови политики кои ќе донесат уште поголем развој на државата“, порача Николоски.