Празнична магија на скопските улици: Започна пријавувањето за 12-тата Coca-Cola Дедомразовска трка

Точка

25/11/2026

11:48

251

Големина на фонт

а а а

Отворено е пријавувањето за традиционалната Coca-Cola Дедомразовска Трка 2026, највеселиот и најпразничниот спортски настан што секоја година ги обединува децата, семејствата и сите љубители на празничната енергија и атмосфера. Трката ќе се одржи во недела, на 27 декември 2026 година, со старт и цел на плоштадот „Македонија“. Патеката е долга околу 2 километри што ја прави совршена за деца, родители и рекреативци.

ИНДИВИДУАЛНО И СЕМЕЈНО ПРИЈАВУВАЊЕ

Индивидуалните и семејните пријави се отворени до 24 декември или до пополнување на местата. Пријавувањето е онлајн, преку prvdovrv.mk/dedomrazovska.

Со рана пријава до 30 ноември, индивидуалниот пакет со дедомразовски костум чини 500 денари, а од 1 декември цената е 600 денари. За учесниците со сопствен костум, индивидуалната пријава чини 300 денари во текот на целиот период. Семејните пакети се достапни со попуст и вклучуваат костум за секој член.


Секој што ќе трча или пешачи мора да биде пријавен, да има свој стартен број и да носи дедомразовски костум. Ова важи и за возрасните што ги придружуваат децата. Децата под седум години учествуваат во придружба на родител или старател.

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА, МЕДАЛИ И ЛОТАРИЈА

За секое дете до 10 години е предвидено новогодишно пакетче. За да добијат пакетче, децата треба да бидат пријавени до 20 декември, или додека има слободни места.

Тројцата најбрзи дедомразовци и трите најбрзи бабамразици ќе освојат медали и вредносни ваучери од 9.000, 7.000 и 5.000 денари според пласманот. Свое прогласување ќе имаат и најмалите - првите три момчиња и првите три девојчиња до 10 години ќе освојат медали.


По трката, секој стартен број учествува во новогодишната лотарија. Главната награда е велосипед, а ќе бидат доделени и три ваучери од по 5.000 денари и десет стартни пакети за „Sparkasse Life ПРВ ДО ВРВ 2027“. Добитниците треба да бидат присутни на извлекувањето и да го имаат својот стартен број со себе.


ПРОГРАМА И ДЕТАЛИ ЗА НАСТАНОТ

Учесниците ќе можат да ги подигнат стартните броеви и костумите на денот на трката, од 10:00 до 12:00 часот. Музичката програма и заедничкото загревање со фитнес-инструктор

започнуваат во 11:30 часот, а трката стартува во 12:30 часот. Победниците ќе бидат прогласени во 13:00 часот, а новогодишната лотарија започнува во 13:15 часот.


Трката ја организира Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ со поддршка од долгогодишните партнери Coca-Cola и Пивара Скопје, како и од Град Скопје.

Организаторот и партнерите ги покануваат сите генерации на 27 декември заедно да ја испратат годината со највеселата трка во Скопје.

Пријавувањето е отворено до 24 декември на prvdovrv.mk/dedomrazovska.