Љубители на пивото, ова е совршениот хотел за вас – пиво тече “во потоци”

Точка

19/04/2019

17:12

1.668

Големина на фонт

а а а

Секоја соба има точено пиво, фрижидер полн со различни брендови на пиво во туш кабината и музеј посветен на уметноста на производство на овој “златен пијалак”.

Пивскиот хотел “Doghouse” е во сопствеништво на шкотската пиварница “BrewDog” која тврди дека ова е единствениот хотел на светот кој им овозможува на своите гости да поминат една вечер во пиварницата.  

Гостите најпрвин влегуваат во предворјето во кое се наоѓа бар наместо рецепција, а во улогата на рецепционер ги дочекува бармен кој веднаш им носи пиво за добредојде.

Секоја од 32-те спални соби (вклучувајќи и осум апартмани) има апарат за точење пиво, минибар со “BrewDog” лименки пиво и поглед кон големата старинска дрвена бавча. Освен гореспоменатите пива во фрижидерот, бањите се опремени со тоалетни санитарии направени на база на пиво.

Останатите содржини во хотелот вклучуваат интерактивен музеј кој овозможува увид во процесот на производството на пиво и неговата историја, како и медиумски простор, фитнес центар и кафуле во предворјето.

Иако не се познати сите детали, во припрема е и избор на спа третмани на база на пиво.

Соосновачот на компанијата, Џејмс Ват, кој ја покренал “BrewDog” во 2007 година во соработка со Мартин Дики, им се заблагодарил на сите луѓе кои ентузијастично го поддржувале овој проект и пред “crowdfunding” кампањата одиграле клучна улога во финансирање на новиот хотел.

“За многу љубители на пивото, идејата за пивскиот хотел беше само сон. Утопија за пиво која никогаш не се оствари. Досега. Благодарение на поддршката на нашата глобална заедница на пивски ентузијасти, се трудевме тој сон да стане реалност”, изјавил Ват за британскиот “Telegraph”.

Ват и Дики во март 2017 година за првпат објавиле планови за пивски хотел, истовремено апелирајќи на донациите за својата цел со целта за собирање на 75 илјади долари. Но, наместо 75 илјади долари, тие собрале дури четири пати поголема сума – вкупно 300 илјади долари од ентузијасти желни за пиво. Од вишокот на финансии, компанијата планира да отвори и други пивски хотел во своето седиште во Аберденшајр кој би требало да се отвори оваа година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг