Дали е ова најубавиот аеродром на светот?

Точка

14/04/2019

19:01

2.964

Големина на фонт

а а а

"Jewel Changi", аеродромот во Сингапур, свечено ќе биде отворен следната недела, а во неговите рамки и најголемиот водопад во затворен простор на светот. "Jewel Changi" претставува своевиден петкатен комплекс со стакленици, продавници и паркови.

Архитектонското биро "Safdie Architects" го предводело тимот од архитекти и дизајнери кои работеле на неговото проектирање.  

Зградата е направена од стакло, а поврзана е со систем од градски превоз и директно со терминалите преку пешачки мостови, што претставува туристичка атракција само по себе.

На сето тоа, во неговите рамки се наоѓа и "Rain Vortex" - 40 метри долг водопад низ кој протекуваат околу 10.000 галони вода во минута. Водата во текот на дождовната сезона се собира преку систем во централниот отвор на зградата.

Во рамките на зградата на аеродромот има и неколку помали водопади и кањони.



Спонзорирани линкови

Маркетинг