Европската Комисија подготвена за брегзит без договор по разговорите Меј-Меркел

Макфакс

10/04/2019

13:56

915

Големина на фонт

а а а

Европската Унија е подготвена и не се плаши од брегзит без договор, изјави портпаролот на Европската Комисија, Маргаритис Шинас, на дневниот брифинг во средата пред итиниот самит за брегзит на лидерите на ЕУ, пренесува „Спутник“ .

„Иако повлекувањето без договор ќе предизвика нарушување и не е пожелно, ЕУ е целосно подготвена за тоа. Ова не е посакуваниот исход, но не се плашиме од тоа. Подготвени сме”, рече Шинас.

Официјалните претставници на ЕУ размислуваа да го продолжат британското повлекување од ЕУ до 30 март 2020 година, а 27 амбасадори од земјите-членки на ЕУ го подготвија лидерскиот самит за да разговараат за ова прашање и да постигнат заклучок.

Британската премиерка Тереза Меј беше во Берлин и во Париз во вторникот за да се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Емануел Макрон, и да побара натамошно пролонгирање на крајниот рок за брегзит од 12 на 30 јуни.

Веста следеше по изјавата од ЕК во која се вели дека таа продолжува да ги поддржува администрациите во нивните подготовки и ги повикува сите граѓани и бизниси од ЕУ да продолжат да се информираат за последиците од можното сценарио за брегзит без договор и да ги завршат нивните подготовки за такво сценарио.



Спонзорирани линкови

Маркетинг