Памела Андерсон со емотивна порака за нејзиниот пријател: "Ми недостига неговата насмевка и детска љубопитност"

Точка

30/03/2019

18:00

5.438

Големина на фонт

а а а

Пред неколку години се пишуваше дека познатата "чуварка на плажа", Памела Андерсон е во врска со основачот на Викиликс и познатиот разузнавач Џулијан Асанж.

Згодната глумица тогаш често го посетувала во еквадорската амбасада во Лондон, каде Асанж добил заштита и азил. 

Меѓутоа, со оглед на тоа дека веќе некое време него му се забранети посети, Памела сподели фотографија на својот Твитер профил истакнувајќи дека ѝ недостига нејзиниот пријател.

"Не ми беше овозможено да го посетам Џулијан речиси една година. На сите им недостига неговиот глас. Ми недостига неговата насмевка и неговата детска љубопитност. Тој е единствен, силен и посветен човек. Ти багодарам за твојата жртва. Знам дека си добро и дека ќе те видам повторно", порача Андерсон, а потоа во неколку наредни твитови апелирала да му помогнат да се извлече од ужасната ситуација.


Инаку, Памела Андерсон е во врска со фудбалерот Адил Рами, која е 18 години помлад од неа.