Почина израелскиот шпион кој го пронајде озлогласениот Нацист: Ова е херојот кој го уапси архитектот на Холокаустот

Точка

24/03/2019

11:25

3.586

Големина на фонт

а а а

Рафи Еитан, поранешниот израелски министер и еден од најдобрите шпиони на израелската разузнавачка служба „Мосад“, почина на своја 92 годишна возраст.

Еитан ја предводеше големата операција за апсење на еден од најозлогласените Нацисти – Адолф Ајхман кој побегнал од нацистичка Германија пред самиот крај на Втората светска војна.

„Загубивме храбар борец за чиј што придонес за израелската безбедност ќе учат многу генерации“, изјави претседателот на Израел, Рувин Ривлин.

Еитан починал откако пред неколку дена бил хоспитализиран во Тел Авив, пренесуваат израелските медиуми. Еитан, покрај тоа што учествувал во важни операции, тој имал и голема улога во првите години од создавањето на израелските разузнавачки служби.


Во 1960-та година бил задолжен за специјалната операција на „Мосад“ за апсење на Ајхман, еден од главните архитекти на Холокаустот, кој успеал да побегне во Аргентина каде што живеел со лажен идентитет. Ајхман бил одведен во Израел, каде што му било судено за злостроства против човештвото, по што бил прогласен за виновен и обесен.

Според податоците на израелското министерство за надворешни работи, Еитан исто така бил вклучен и во планирањето и спроведувањето на нападот на ирачкиот нуклеарен реактор „Осирак“ во 1981-ва година.


Потоа тој ја водел израелската канцеларија за научни односи која била вмешана во скандалот околу Џонатан Полард, американскиот разузнавачки аналитичар уапсен во 1985-та година и осуден во 1987-ма година на доживотен затвор поради шпионирање во корист на Израел.

Израелците признале дека Полард бил регрутиран во недозволена операција на таа канцеларија која после тоа била распуштена. Еитан ја превзел одговорноста за тоа и поднел оставка. Тој во 2006-та година беше избран во израелскиот парламент каде што беше три години, а исто така ја вршеше и должноста министер за пензискиот фонд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг