Влијателни личности и инспиративни приказни на забавата која ја одбележа успешната мисија на тимот кој промени многу животи во Македонија

Точка

24/03/2019

12:35

3.331

Големина на фонт

а а а

Тимот кој работи на трансформација и подобрување на квалитетот на животот на луѓето во Македонија, во средата го прослави својот втор роденден. Про Фит веќе две години активно работи на подигање на свеста за важноста на здравиот и балансиран живот.

За многумина добро познат, но и за оние кои не се запознаени со Про Фит, ќе кажеме дека Про Фит всушност се едни од ретките кои активно и напорно работат на подобрување на животните навики на луѓето во земјава.


Станува збор за фирма која работи со успешно докажани нутриционистички програми и според индивидуалните потреби и во соработка со нутриционист, изработува планови кои соодветствуваат со побарувањата на клиентот. Тие работат на трансформации со разни параметри, односно, секоја програма која се изработува е исклучиво прилагодена на потребите на личноста. Мотивот и целта на Про Фит е трајно менување на навиките во исхраната и општо начинот на живот кој ни го налага денешното брзо темпо на живот.


Во средата, тимот на Про Фит го одбележа својот втор роденден. На роденденската забава присуствуваа повеќе звучни имиња и влијателни личности, кои ја поддржуваат работата и мисијата на Про Фит, чија цел успешно се остварува. Имено, и на забавата не се избега од идејата за здрава храна и здрав живот, па така и храната која беше специјално приготвена за оваа прилика, се базираше на здрави, во поголем дел протеински продукти, со ниска калорична вредност и без шеќери.


Во своето обраќање, одговорните лица на Про Фит истакнаа дека во секое нешто што го правиме, мора да се ужива, па така и во исхраната. Водени од таа мисла, истакнуваат дека балансот кој го воспоставуваме во секој сегмент од нашето живеење е клучот за успешен, среќен и здрав живот. Па така, тимот организираше забава со многу опуштена и пријатна атмосфера, за уште еднаш да не потсетат за важноса на тоа да бидеме опуштени и да уживаме во секој миг. 

На забавата присуствуваше и основачот на една од најуспешните нутриционистички програми, Тамара Крамер, со која Про Фит веќе една година соработува и работи на проширување на концептот за поздрав живот на Балканот и пошироко. Погледнете дел од атмосферата.






Спонзорирани линкови

Маркетинг