Татко ја продал ќерката (1) за 7.800 евра поради коцкарски долгови: На сопругата ѝ рекол дека ја однел кај својата мајка, а потоа ја дознала вистината!

Точка

21/03/2019

14:36

4.529

Големина на фонт

а а а

Маж на југозапад во Кина е уапсен бидејќи ја продал својата ќерка на интернет за 7.800 евра, за да ги исплати своите коцкарски долгови.

Мажот, кој е идентификуван по презимето Џианг, го продал детето за пари, откако упаднал во коцкарски долгови преку интернет.

Невработениот маж ја изнел својата едногодишна ќерка од куќата, а на својата сопруга ѝ рекол дека девојчето ќе остане кај нејзината баба.

Минатиот ноември, Џианг на својата сопруга ѝ рекол дека ќе остане со својата мајка во градот кој е околу 140 километри оддалечен од неговата куќа.

Мајката почнала да се сомнева откако не се слушнала со својата ќерка речиси три месеци. Секој пат кога го прашувала сопругот за тоа каде е нивната ќерка, тој ѝ кажувал разни изговори за да го одложи нејзиното враќање.


Загрижената мајка во февруари го проверила телефонот на својот сопруг и открила снимка од разговор помеѓу него и купецот на нивната ќерка. Истиот ден се сретнала со свекрвата, која ѝ рекла дека детето ѝ е однесено пред неколку недели.

Мајката веднаш го пријавила инцидентот во полиција, а мажот побегнал. После истрагата, полицијата го пронашла во еден хотел кон крајот на февруари.

Тој признал дека должел голема сума на пари и се одлучил за екстремна мерка откако видел објава на интернет за посвојување деца.


Џијанг ги излажал и купците, рекол дека го продава детето бидејќи повеќе не може да си дозволи да го одгледува, затоа што се развел од сопругата и двајцата родители му починале.

Девојчето е пронајдено и ѝ е вратено на мајката. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг