Го нападнале бидејќи тестирал дали автопилотот на неговата Тесла ќе прегази жена

Точка

18/03/2019

16:34

2.427

Големина на фонт

а а а

Јутјуберот “KriszXstream” се нашол на удар на бројни корисници на социјалните мрежи по снимката на која тестира дали автопилотот на Тесла ќе ја прегази неговата сопруга.

“Ќе го тестираме автопилотот да видиме што ќе се случи кога некој ќе претрча пред автомобилот”, вели Јутјуберот пред првиот тест во текот на кој ѝ се приближува на сопругата со автомобилот.  

“На секунда помислив дека нема да закочи. Но сега кочи”, вели тој.

Во уште еден од неговите тестови, неговата сопруга ја става чантата сред улицата. Иако автомобилот запрел, тој ја прегазил чантата.

Очекувано, гледачите не биле импресионирани од опасниот тест.

“Не знам кој е поглупав ... ти или твојата жена?”, “Дали сте нормални? Луѓето никогаш не би требало да ги тестираат сигурносните системи како овој”, се само некои од негативните коментари под снимката. “Се зборува дека не функционира добро со поранешни сопруги”, се шегувале други.

По бројните негативни реакции, се огласил и самиот Јутјубер и објаснил дека цело време ја држел ногата на кочница и возел со 35 км/ч. Додал дека сопругата не стоела пред автомобилот кога тој се приближил и дека улицата била затворена, што го направил тестот уште посигурен.

Објаснил и дека возел тој, а не неговата сопруга бидејќи таа не се чувствува самоуверено зад воланот.

“Всушност се забавувавме снимајќи го ова. Можете да нѐ нарекувате идиоти или како сакате, но тоа не беше опасен тест”, заклучил тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг