Го чувал Роналдо во финале на ФА купот, а денес одвај составува крај со крај: Познат порно канал му нудел огромни пари за реклама

Точка

16/03/2019

12:09

4.158

Големина на фонт

а а а

Се играло финалето на ФА купот во 2004-та година помеѓу Милвол и Манчестер Јунајтед, со тогаш талентираниот Португалец Кристијано Роналдо.

Легендата на Челзи и играч-тренер на Милвол тогаш од Роби Рајан барал да го чува португалското чудо од дете, Кристијано Роналдо. 

Од тој натпревар минале дури 15 години. Јунајтед тогаш славел со убедливи 3-0, а стрелци за "црвените ѓаволи" биле Руд Ван Нистелрој и Кристијано Роналдо.

Од тогаш многу работи се промениле. Роналдо бил прогласен за најдобар играч на планетата неколку пати, а играчот кој тогаш го чувал денес одвај има за да преживее.

Роби Рајан денес како физикален работник во една лондонска компанија се бори за да преживее, а за локалните медиуми се потсетил како тоа изгледало во далечната 2004-та година.

"Можев тогаш да решам во првите 3-4 минути. Топката беше над земја, а јас можев со клизачки старт да го изнесам и него и топката надвор од теренот", ја почнува приказната Роби и продолжува.

"Многумина денес ме прашуваат дали навистина го чував Роналдо, а јас им одговарав дека "се обидов"", со насмевка констатира Англичанецот и додава.

"Колку бев тогаш популарен, ми дојдоа од еден порнографски канал и ми нудеа 10.000 фунти за да стават реклама на мојот дрес, но клубот не ми дозволи"

После тоа завршил во Бристол, а начинот на трансфер бил многу чуден.

"Вистина е Синот на еден скаут на популарната игра "Football Manager" видел дека ми истекува договорот, па веднаш му се јавил на тренерот за да стапи во контакт со мене. Доколку тоа дете не ме забележало, кој знае што ќе беше со мојата кариера".

По неуспешната епизода во Бристол која завршила во 2007-ма година, овој лев бек се обидувал да ја пронајде старата форма во нискоразредни екипи како Веилинг, Ашфорд Таун, Фишер Атлетик, но не му тргнало од рака.