Ова се првите шпионски фотографии на новиот Голф!

Точка

13/03/2019

17:30

4.191

Големина на фонт

а а а

Германските медиуми ги објавија првите фотографии од најновата, осма генерација на популарниот Голф на Фолксваген.

Според досегашните информации, осмата генерација на Голф ќе пристигне во две верзии – хечбек и караван верзија, додека моноволуменот Golf Sportsvan отпаѓа.

Понудата ќе започнува со турбобензинецот 1.0 TSI со 90 коњски сили, а почетната цена на овој модел ќе изнесува 19,200 евра. Како што пренесуваат германските медиуми, истиот модел ќе биде достапен и со 110 коњски сили.


Покрај тоа, новиот Голф ќе пристигне и со новиот, напреден 1.5 TSI со 130, односно 150 коњски сили. На самиот врв од понудата, за почеток ќе биде GTI моделот кој се очекува да располага со 245 коњски сили. Кога сме кај дизел агрегатите, купувачите на располагање ќе го имаат и 1.6 TDI моторот со 116 коњски сили.




Спонзорирани линкови

Маркетинг