Искусниот и трофеен португалски стратег, Жозе Мурињо веќе неколку месеци е без активна фудбалска работа, но без разлика на тоа тој секогаш е актуелен, па неговото име во последниот период се поврзуваше со Реал Мадрид и тоа како замена за Сантијаго Солари.
Меѓутоа на крајот клубот од Мадрид се реши за една друга опција и помалку неочекувано го врати легендарниот Зинедин Зидан. Ова значи дека Мурињо ќе мора да почека на друга работа и предизвик иако тој вели дека воопшто не бил заинтересниран за можноста одново да биде главен на „Сантијаго Бернабеу“.
- Дали би се вратил во клуб во кој сум бил претходно? Ако сметам дека тоа е вистинскиот клуб, правилна структура, вистинските амбиции, нема проблем воопшто. Тоа е причина за гордост кога еден клуб каде што си работел сака пак да се вратиш. Единствениот момент кога го имав ова чувство беше со Челси, не со Реал Мадрид, - рече Жозе во свој стил.