Како да елиминирате еден од главните причинители за појава на кардиоваскуларни заболувања

Точка

09/03/2019

10:15

4.046

Големина на фонт

а а а

Многу истражувања покажуваат дека прекумерната тежина е многу често фактор кој предизвикува проблеми со здравјето на срцето и кардиоваскуларниот систем воопшто. Едно од последните истражувања поврзани со оваа проблематика укажува дека кај луѓето кои се на возраст од 40 до 59 години и се со прекумерна тежина, процентот за развивање на кардиоваскуларна болест се зголемува од 21%-85%, за разлика од оние кои се со нормална телесна тежина.

Прекумерната тежина покрај тоа што го зголемува ризикот за појава на кардиоваскуларни заболувања, таа е причинител и на други заболувања меѓу кои хипертензија, покачен холестерол, триглицериди, диабетес тип 2, зголемен крвен притисок и можноста за појава на метаболички синдром.

Кои мерки може да ги преземете за да го намалите ризикот за појава на овие здравствени проблеми?

Вестите и не се толку лоши бидејќи со намалување на прекумерната тежина вие го намалувате ризикот за појава на било кое од горенаведените заболувања. Со намалувањето на само 5 килограми, може да се забележи подобрување на крвниот притисок, шеќерот во крвта и нивото на холестеролот.  

Процесот на намалување на килограмите и стекнувањето на нови навики во исхраната и физичката активност, во зависност од личноста, за некого може да биде потежок, за некого полесен. Сепак, новитетите во исхраната и мноштвото програми се прилагодени да го олеснат тој процес, особено во брзото темпо на живот кое го имаме денес.

Дали знаете дека сега решението на овој проблем ви е подостапен од било кога?

Тимот на Про Фит чија водечка мисла и цел се подигање на свеста за важноста на здравиот начин на живот и решавањето на проблемите со прекумерната тежина, направи уште еден чекор напред со кој ќе ја помогне трансформацијата на сите оние кои сакаат да го подобрат начинот на живот. 

Станува збор за нова соработка меѓу Про Фит и нутриционистот Ивица Јанев, кој своето осумгодишно работно искуство во САД, сега го пренесува и кај нас. Целта на оваа соработка е усмерување на вистинскиот пат кон трансформацијата, на секоја индивидуа кому таа му е потребна. Тимот на Про Фит, заедно со Ивица работат со програми кои се изработуваат врз база на индивидуалните потреби на клиентот.

Тие работат на трансформации со разни параметри, односно, секоја програма која се изработува е исклучиво прилагодена на потребите на личноста. Истите може да бидат: Програми за слабеење, програми за покачување на телесната тежина, алергени, вклучително со програми за вежбање и обликување.

Воедно, Про Фит повторно го проширува своето портфолио на производи. Асортиманот на храна нуди продукти кои се базираат на повисоко количество протеин, малку јаглехидрати, не содржат глутен и ГМО и се нискокалорични.

Информирајте се повеќе и закажете термин за бесплатна консултација со тимот на Про Фит и Ивица Јанев, секој вторник и четврток на телефон: 078 253 941 или на имејл profitnutri@gmail.com



Спонзорирани линкови

Маркетинг