Пророштвото на германскиот јасновидец го потресло светот: Третата светска војна ќе почне со убиство на Балканот! Гледам некој голем како паѓа, крвав бодеж! Гледам три бројки

Точка

22/02/2019

14:52

7.175

Големина на фонт

а а а

Сите слушнале за Нострадамус и Баба Ванѓа и нивните предвидувања, но малку е познато дека во Германија во првата половина од 20-тиот век живеел видовитиот Алојз Ирлмајер, за чии пророштва не се зборува многу.

Се зборува дека по Втората светска војна им помогнал на многумина да ги пронајдат своите најблиски. Бил обвинет за вештерство, но судијата го ослободил кога Ирлмајер точно му опишал што правела жена му тој ден и како била облечена. 

Алојз во 1950 година предвидел Трета светска војна и според неговите предвидувања таа е неизбежна и ќе се води на Медитеранот и Блискиот исток, и ова подрачје ќе биде центар на судир на големите сили. Според неговите предвидувања, се ќе започне со убиство на Балканот.

Еве што рекол Алојз: "Сите ќе повикуваат на мир. Наеднаш ќе дојде до војна на Блискиот Исток која ќе се засилува, големи поморски сили ќе се соочат со непријателите на Медитеранот, а ситуацијата ќе биде многу тензична. Меѓутоа, првата искра ќе биде запалена на Балканот".

"Две лица ќе убијат трето, високо позиционирано. Тие се платени од страна на други луѓе. Едниот убиец е мал и темен, а другиот малку повисок, со посветла боја на косата. Мислам дека ова ќе се случи на Балканот, но не можам да потврдам: Одмаздата веднаш ќе дојде преку големата вода".

"Меѓутоа, жолтиот змеј ќе изврши инвазија на Алјаска и на Канада истовремено, но нема далеку да стигне. Војната ќе почне без предупредување, преку ноќ. Гледам прашина. Гледам три броја. Две осмици и деветка. Не знам што значат и не го знам датумот кога тоа ќе се случи", тврдел Ирлмајер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг