Ги знаел целиот свет: Починал морнарот од култната фотографија од прославата на крајот на Втората светска војна во Њујорк

Точка

19/02/2019

14:06

2.313

Големина на фонт

а а а

Џорџ Мендоза, американскиот морнар од култната фотографија "Бакнеж" од 1945-та година на која ја бакнува медицинската сестра на Тајмс сквер, прославувајќи го крајот на Втората светска војна, починал на 95 години.

Мендоза починал во неделата во домот за стари лица во Мидлтон во американската сојузна држава Роуд Ајленд, каде живеел со сопругата, со која во брак минал 70 години, соопштила нивната ќерка Шерон Молеур. 

Мендоза на култната фотографија ја бакнува Грета Цимер Фридман, забна техничарка, која починала во 2016-та година.

Фотографијата ја направил славниот Алфред Ејзенштад на 14-ти август 1945-та година, на денот кога Јапонија се предала, па луѓето излегле на улиците на Њујорк да ја прослават добрата вест. Станала симбол на крајот на Втората светска војна и една од најславните фотографии на 20-тиот век.

Џорџ и Грета не се познавале. Тој за време на војната служел како морнар на уништувач и му завршувало отсуството кога било објавено дека завршила војната. За бакнежот на Тајмс сквeр зборувал кога го одликувале во 2015-та година. Рекол дека Грета го потсетила на медицинските сестри кои се грижеле за ранетите морнари.

Во интервју во 2005-та година, Грета рекла дека се се случило одненадеж.

"Само дојде, ме зграби и ме бакна. Тоа навистина беше прослава, ништо романтично", рекла таа.

Ејзенштад во една своја книга напишал дека тој ден трчал низ Тајмс Сквер барајќи интересен мотив.

"Ги видов и го овековечив моментот. Доколку таа имаше темна облека, никогаш не би ја направил фотографијата", напишал тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг