Русите на Арапите им нудат "Шеикмобил": Во луксузните лимузини веќе се вложени 100 милиони долари! А кога ќе видите како изгледаат...

Точка

18/02/2019

14:46

6.112

Големина на фонт

а а а

Наследниот принц на Обединетите Арапски Емирати, заменик врховен командант на вооружените сили на ОАЕ, Мухамед бин Заид ел Нахјан, присуствувал на презентацијата на руската лимузина "Аурус" на изложбата IDEX во Абу Даби.

Автомобилот на престолонаследникот му го претставил министерот за индустрија и трговија на Русија, Денис Мантуров лично. 

Руското Министерство за индустрија и трговија на почетокот на јули 2018-та година соопштило дека е постигнат договор меѓу "Тавазун", "НАМИ" и "Солерс" за влегувањето на арапскиот фонд во капиталот на претпријатието за производство на автомобили "Аурус" и дека се вложени 110 милиони евра.

"Аурус" е пазарно име за проектот "Кортеж" - семејството автомобили од класата "лукс" на една модуларна платформа за најголемите службеници во државата, а вклучува лимузина, седан, миниван и теренец. Произведувач е Државниот институт "НАМИ" со помош на "Солерс" групата на Вадим Швецов и партнери од странство.

Државните вложувања во проектот изнесуваат 12,4 милијарди рубљи. Во малопродажба автомобилите "Аурус" ќе се појават во 2019-та година. Нивната почетна цена ќе биде 10 милиони рубљи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг