Дибала седеше на клупа, Роналдо ја измени својата прослава и го поздрави со специјален гест

Дерби

11/02/2019

13:59

2.031

Големина на фонт

а а а

Пауло Дибала уште еден натпревар започна на клупата за резерви, а во моментите кога доби шанса од тренерот Масимилијано Алегри, може да се каже дека прашањето околу победникот на „Мапеи“ стадионото беше решено.

Потврдата за трите бода пристигна од страна на Кристијано Роналдо во моментите кога зголеми на 0:2 во 70-та минута, а овој погодок привлече посебно внимание на социјалните мрежи и поради прославата која ја изрежира Португалецот. Роналдо ја измени својата стандардна прослава со скокот, бидејќи овојпат на ова го надополни и стандардниот „маска“ гест на Дибала. Кристијано го направи тоа при скокот, а потоа испрати и специјален поздрав до својот колега на клупата кој очигледно добива голема поддршка од најголемата ѕвезда.



Спонзорирани линкови

Маркетинг