First Edition: Најдоброто од БМВ за само 400 избрани...

Точка

05/02/2019

19:14

3.146

Големина на фонт

а а а

Освен тоа што 400-те купувачи ќе возат лимитирана изведба на атрактивната „осмица“, овој автомобил ќе пристигне со уште повеќе ексклузивности.

First Edition, изведбата која што на Германците ќе им донесе поголема заработка, а на купувачите поголема сатисфакција, наскоро ќе пристигне на пазарот.

Лимитираната изведба пристигнува како M850i xDrive Coupe и на купувачите, меѓу другото, ќе им гарантира целосна ексклузивност. Оваа серија, својата посебност ќе ја истакне во внатрешноста, па така „осмицата“ ќе добие BMW Individual изглед, како и долга листа на опрема за спортски и елегантен дизајн.


Ова ексклузивно специјално издание ќе биде лансирано во јуни 2019-та година. BMW M850i xDrive Coupe ќе биде произведен во само 400 примероци, а засега не е позната цената по која што ќе се продава, освен тоа дека можеби ќе биде поскап од стандардната верзија за 15 до 20 илјади евра.


Инаку, 850i xDrive под хаубата има 4,4-литарски твин-турбо V8 мотор со дури 530 коњски сили (390 kW) и 750 Nm максимален обртен момент, па се очекува овие перформанси да ја красат и лимитираната изведба First Edition на „осмицата“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг