Еден стример на платформата “Twitch”, во текот на преносот во живо заспал на речиси три часа и само се насмеал кога се разбудил и сфатил дека го гледаат 200 луѓе.
Во кратката снимка се гледа стримерот “JesseDStreams” како полека се буди, а потоа и се насмевнува кога сфаќа дека не само што целото тоа време добивал донации од своите (нови) обожаватели, туку и дека 200 луѓе сѐ уште го гледаат и на групниот чет навиваат тој да се разбуди.
36-годишниот стример имал помалку од 1000 следбеници пред неколку денови, а сега има двојно повеќе и таа бројка е во постојан пораст, само благодарение на фактот дека задремал во текот на целиот стрим.
Таа снимка само на платформата за стримање “Twitch” ја погледнале повеќе од 2 милиони луѓе.
Watch Chilling on the couch... from JesseDStreams on www.twitch.tv