Жената која му забрани на Трамп да зборува пред Конгресот, ладно го одбила неговиот предлог: “Тоа не е разумно!”

Точка

25/01/2019

08:46

2.454

Големина на фонт

а а а

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, “ладно” ја дочекала понудата на Белата куќа да се усвои привремен нацрт-буџет, ако во него се наоѓа “депозит” за ѕид на границата со Мексико.

Прашана за идејата за “депозитот”, Пелоси изјавила дека тоа не е разумен предлог. 

Таа на 23-ти јануари му забрани на американскиот претседател Доналд Трамп да одржи говор за состојбата на нацијата во Претставничкиот дом во САД, што доведе до уште поголеми тензии помеѓу демократите и републиканците, кои се во конфликт поради желбата на Трамп да подигне ѕид на јужната граница на САД.


Американскиот претседател вчера изјави дека е спремен да ја поддржи “разумната спогодба” помеѓу републиканскиот лидер во Сенатот, Мич Меконел и лидерот на демократите Чак Шумер за прекин на делумната блокада на работата на американската влада.

“Ако дојде до разумен договор, јас ќе го поддржам”, изјавил Трамп пред состанокот со републиканскиот конгресмен за трговија. Меконел и Шумер се состанале претходно по два неуспешни обиди во Сенатот да се запре блокадата. По состанокот, Шумер само изјавил дека разговорите со Меконел ќе продолжат.

Моменталната делумна блокада на работата на американската влада која трае од 22-ри декември, е најдолга во историјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг