Хаос во Америка! На Трамп му забраниле да зборува пред Конгресот, тој одговара: Тоа е срамота! Правам алтернативен евент

Точка

24/01/2019

10:41

2.898

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека, откако му било оневозможено да одржи говор за состојбата на нацијата во Конгресот, ќе приреди алтернативен евент.

Претходно претседавачот со Претставничкиот дом на Конгресот, Ненси Пелоси, известила дека нема да му биде дозволено да одржи говор за состојбата на нацијата пред тој дом поради делумната блокада на владата. 

"Тоа е срамота", реагирал Трамп на таа одлука на Пелоси, пренесува "Reuters".

Трамп во писмо до Ненси Пелоси порачал дека се радува на говорот за состојбата на нацијата пред Конгресот на 29-ти јануари, по што таа му одговорила дека тоа нема да биде можно додека делумната блокада на владата не биде завршена.

Претседателот има обврска според Уставот пред Конгресот да поднесе извештај за состојбата на нацијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг