Ново на Инстаграм! Оние кои копираат туѓи содржини нема да бидат среќни

Точка

02/05/2024

10:30

1.667

Големина на фонт

а а а

Инстаграм наскоро ќе го промени алгоритмот за да го ограничи досегот на профилот кои само копираат и објавуваат туѓи содржини, давајќи им притоа повеќе шанси на малите креатори да дојдат до нова публика.

Промените во алгоритмот се насочени на намалување на видливоста на таканаречените „алигаторски профили“ кои не придонесуваат со оригинални содржини.

Првата фаза на планот на Инстаграм е модификација на алгоритмот која ќе им овозможи на сите креатори еднакви шанси нивните видео-клипови да станат вирални на платформата, прикажувајќи ги прво на помала публика. Најуспешните „рилови“ потоа ќе бидат прикажувани пред сè поголем број на гледачи.


Ако профилите десет или повеќе пати во последните 30 дена објават содржина која не ја креирале самите или не ја унапредиле значајно, Инстаграм нема да ги вклучува во препораките за содржини на платформата. Агрегаторите ќе можат да се вратат во секцијата за препораки по 30 дена, ако престанат да објавуваат неоригинална содржина. Меѓутоа, пријателите на тие профили и натаму ќе можат да ги гледаат нивните објави.

Овие промени во алгоритмот, кои се очекуваат во наредните месеци, се само најнови во низата промени кои Инстаграм ги спроведува за да се подобри употребливоста на платформата, вклучувајќи можност за уредување на разговорите, исклучување на потврдата за читање, како и масовно бришење на барања за следење.


Овој чекор можеби делумно одговара на жалбите на креаторите дека нивните фанови не ги гледаат нивните објави, што довело до намалување на интеракцијата и видливоста на оригиналните содржини на платформата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг