Жесток одговор на Дамаск до Израелците: Ќе го гаѓаме аеродромот во Тел Авив ако продолжите со нападите! Ќе ви вратиме за сè

Точка

23/01/2019

18:12

4.658

Големина на фонт

а а а

Дамаск одговара на воздушните напади на Израел на територијата на Сирија. "Ако продолжите ќе го искористиме правото на самоодбрана и ќе го бомбардираме аеродромот во Тел Авив".

Официјален Дамаск објавил дека "ќе му врати" на Израел за воздушните напади доколку Советот за безбедност на ОН итно не ги забрани упадите во сирскиот воздушен простор на Израел. 

Претставникот на Сирија при ОН, Башар Џафари, изјавил дека Сирија би можела да го нападне аеродромот Бен Гурион во Тел Авив откако израелските сили извеле напади на складишта и радарски системи на аеродромот во Дамаск, при што загинало 21 лице.

Тој предупредил дека доколку таа светска организација не ги спречи нападите на Израел на Сирија, дека таа земја ќе одговори со напад на меѓународниот аеродром Бен Гурион, пренесува "Times of Israel".

"Доколку СБ на ОН не усвои мерки за сопирање на Израел, Сирија ќе го искористи своето легитимно право на самоодбрана и ќе одговори на израелската агресија на меѓународниот аеродром во Дамаск на ист начин на аеродромот во Тел Авив", рекол Џафари.

Потсетуваме, израелската војска извела воздушни напади на територија на Сирија ноќта меѓу неделата и понеделникот. Како што било соопштено, мета на нападот биле сириски и ирански мети во Сирија, вклучувајќи ги и позициите на иранските сили "Кудс", кои припаѓаат на Револуционерната гарда.

Израел целел на складишта за оружје, разузнавачка локација и воен камп за обука, и повеќе батерии на сириската противвоздушна одбрана. Нападите биле одмазда за нападот со ракета од иранско производство, лансирана од иранските сили во Сирија, навела војската.

Во тие напади загинало 21 лице.

Од друга страна, агенцијата AP оценува дека преземање на одговорноста за тој, но и други напади од воздух, Израел отстапил уште повеќе од долготрајната политика на прикривање или намалување на значењето на своите воени активности во соседна Сирија.

Сирискиот претставник во ОН ги обвинил и Франција, Велика Британија и САД, кои ја поддржуваат израелската агресија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг