МВР: Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило

Макфакс

04/04/2026

16:11

224

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 15 возачи поради безобѕирно управување возило.

Од нив 10 лица возеле без возачка дозвола во Скопје, на регионалниот пат Скопје – Тетово, кај клучката за с. Групчин, во Гостивар, Кочани и Кичево. Четворица возачи управувале возило под дејство на алкохол во Скопје, Кавадарци и Македонска Каменица, a еден возач во Кичево управувал возило со забрана за управување возило од Б категорија.

Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, 10 лица возеле без возачка дозвола, четири управувале под...

Posted by Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme on Saturday, April 4, 2026

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, велат од МВР.