МВР: Четворица лишени од слобода за семејно насилство – вкупно седум пријави во последното деноноќие

Макфакс

04/04/2026

15:58

176

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи информира дека во последното деноноќие се лишени од слобода четири лица за семејно насилство, а регистрирани се вкупно седум пријави во Куманово, Тетово, Скопје и Кичево.

„На 03.04.2026 во 10:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.М. (32) од кумановско поради тоа што подолг временски период физички ја малтретирал неговата сопруга и и се заканувал.

На 03.04.2026 во 21:26 часот во СВР Тетово 31 годишна жена од Тетово пријави дека во нивната семејна куќа била физички нападната од нејзиниот сопруг И.М.(31). И.М. е лишен од слобода и задржан во полициска станица.

На 03.04.2026 во 23:00 часот во СВР Тетово, 23 годишна жена од Тетово пријави дека во семејниот дом била психички и физички вознемирувана од нејзиниот невенчан сопруг Ф.Р.(23). Веднаш по пријавата полициски службеници го лишиле од слобода.

Лишени од слобода четири лица за семејно насилство, вкупно седум пријави во Куманово, Тетово, Скопје и Кичево по...

Posted by Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme on Saturday, April 4, 2026

На 03.04.2026 во 21:30 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со А.С.(38) од Скопје поради тоа што во домот на неговата 57-годишна партнерка на подрачјето на Центар агресивно се однесувал кон неа и нејзината мајка.

На 03.04.2026 околу 07:00 часот во СВР Скопје малолетник пријави дека на подрачјето на Шуто Оризари во домот каде престојувал бил физички нападнат од Р.Н. кој бил негов згрижувач преку ЈУ МЦСР Скопје.

На 03.04.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје 64-годишен маж пријави дека на 10.01.2026 на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од неговиот син М.М.(34) од Скопје.

На 04.04.2026 во 02:45 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.Б.(44) од Кичево, по претходна пријава дека на 03.04.2026 околу 23:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 41-годишна сопруга.“, известија од МВР.

Од таму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.