Сите ја нападнале оваа мајка поради фотографијата: "Не можам да верувам што прави со синот кој има 7 години"

Точка

23/01/2019

13:23

6.216

Големина на фонт

а а а

46-годишната Лиса Бриџер од Австралија е мајка на пет деца и привлекла внимание во јавноста по објавата на фотографијата на која го дои 7-годишниот син Чејс. Лиса брзо станала мета на коментари во кои луѓето го изнеле своето незадоволство и нејзините постапки ги сметаат за злоставување.

Некои се прашуваат каде е нејзината граница кога станува збор за доењето. Секоја мајка го познава своето дете најдобро, а и секое дете е приказна сама за себе. 

Синот го дои секој ден, а тоа го прави затоа што тој има аутизам и во доењето наоѓа утеха. Сепак, Лиса вели дека и без тоа би го доела, бидејќи "тоа е нешто природно што не го попречува неговиот развој". Ги доела сите свои деца. На лошите коментари не обрнува внимание.

Вели дека најмногу ја шокирал еден социјален работник кој доењето на синот го нарекол "злоставување на детето".

"Ми коментираа дека сум болна и дека ми е потребна помош. Не постои ништо ментално погрешно со мене, само го правам тоа што е природно. Тоа не е сексуален чин, како што некои прокоментираа", рекла Лиса во отворено писмо, пренесува "Daily Mail".

"Мојот син е многу самостоен, самоуверен и ништо не му недостасува. Неговите пријатели и врсници не го задеваат бидејќи научија дека тоа е во ред. Кога ве гледам вас возрасните како ме злоставувате и ми кажувате што да правам, заклучувам дека тоа е за вие да се чувствувате подобро, а не моето дете. Сега гледам зошто има толку насилни деца овие денови".

Лиса изјавила дека забележала дека Чејс е поразличен од останатите деца кога наполнил шест месеци. Не сакал да седи во количка, не сакал да се гали. Но, доењето било нешто што го правело среќен, и така останало до денес.

"Знае да биде хистеричен ако не го нахранам. Како мал го доев на неколку часа, а сега само пред спиење. Тоа е толку слатко. Нему му е потребно тоа чувство на сигурност", рекла Лиса.

ОСвен доењето, детето се бори со аутизмот и на други начини. Му купила куче и две мачки, а и скокањето на трамболина го смирува.

"Понекогаш сакам да го одвикнам од цицање, но тоа за мене е како да одбијам прегратка од него. Кога ќе дојде до мене и ќе го побара тоа на толку убав начин, како да го одбијам", признала таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг