Tesla Model 3 е одличен автомобил, но кога врне се појавува голем проблем...

Точка

22/01/2019

16:45

2.064

Големина на фонт

а а а

Новиот Model 3 на американската компанија Tesla е навистина врвен автомобил, па затоа зачудува тоа што инженерите и дизајнерите направиле ваков пропуст.

Традицијата на една автомобилска компанија можеби ја игра и најголемата улога при производството на автомобилите, затоа што целото искуство не би дозволило да се случи ваков, во најмала рака бизарен и помалку смешен проблем.

Tesla нуди неверојатни иновации и автомобилите на американската компанија ги одликува врвен квалитет, но новиот Model 3 се соочува со интересен проблем кој не може да биде решен со ажурирање на софтвер.

Имено, новите сопственици на Tesla Model 3 открија дека багажникот на автомобилот „може да ги изненади“ кога врне дожд. Доколку биде отворен багажникот кога надвор врне дожд, поради лошиот дизајн, насобраната вода се слева преку стаклото и протекува директно во багажникот што е голем проблем, посебно кога станува збор за така скап автомобил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг