Дали навистина поминаа 17 години од најомилената ТВ серија? Погледнете како изгледаат близначките кои ја толкуваа улогата на Ема, ќерката на Рос и Рејчел

Точка

11/01/2019

13:28

2.696

Големина на фонт

а а а

Обожавателите останале во шок откако сфатиле дека ликот на Ема од омилената ТВ серија "Пријатели" следната година треба да наполни 18 години.

Таа беше најмлада, но и една од најслатките членови на актерската екипа на популарната серија "Пријатели". Станува збор за ќерката на Рејчел и Рос, Ема, која всушност ја толкуваа денес 16 годишните близначки Ноел и Кали Шелдон. 


Обожавателите на една од најпопуларните ТВ серии на сите времиња останале затечени со фактот дека поминало толку време од емитувањето на серијата и дека еден од најмладите ликови веќе е возрасна личност.


"Значи, ја гледав Пријатели синоќа, епизодата во која Рос снима видео за 18 роденден на Ема и во која Чендлер вели: "Здраво Ема, сега 2020. Дали веќе се разбуди од попладневниот сон?", и тогаш се сетив дека следната година ќе биде 2020. Ема следната година ќе наполни 18 години", напиша еден од обожавателите на Твитер и покрена лавина на коментари.

Неговата објава заработи повеќе од 50.000 лајкови и сите избезумиле поради фактот што поминале толку години од нивната омилена серија.


"Тоа е лудо. Воопшто не сакам да знам колку долго ќе бидам опседнат со "Пријатели". Барам нови епизоди за 18 роденден на Ема", се дел од коментарите.

Близначките Ноел и Кали кои ја глумеле Ема денес имаат 16 години, а глумеле до самиот крај на серијата во 2004 година. Тие и понатаму се занимаваат со глума, а наскоро ќе можеме да ги погледнеме во филмот "Us" .




Спонзорирани линкови

Маркетинг