Анастасија Николовска: Покрај тоа што ги намалив килограмите, со оваа храна се ослободив и од здравствените проблеми

Точка

05/01/2019

10:00

8.456

Големина на фонт

а а а

Во оваа прилика, за своето искуство со нутриционистичката програма NuMe ни раскажува Анастасија Николовска. Борбата со вишокот киограми за Анастасија започнала откако и се појавил здравствен проблем со желудникот.

Во прилог, Анастасија зборува за тоа како покрај тоа што ги намалила вишокот килограми, оваа храна и помогнала и во решавање на здравствените проблеми со кои таа се соочила.

Кога започнаа проблемите со вишокот килограми?

Во принцип низ мојот живот никогаш не сум имала проблем со вишокот на килограми, бидејки сум физички активна. Во детството тренирав пливање, ракомет, тенис и гимнастика и сметам дека во раните години секое дете ја стекнува рутината за физичка активност која треба да ја практикува понатаму во животот.

Секогаш внимавам храната која ја внесувам да е квалитетна во нутриривна смисла, единствено понекогаш знам количински да претерам во неа бидејќи сум голем гурман и на тој начин да наталожам некој килограм плус. Оваа состојба на баланс во мојот организам се наруши пред повеќе од 15 месеци, кога во желудникот беше забележано присуство на Хеликобактер Пилори. Оваа бактерија беше причина за подуеност и драстично покачување на телесната тежина, која се зголеми за цели 10 килограми. 

Откако забележав дека килограмите се зголемуваат обратнопропорционално од внесот на калории во еден ден, сфатив дека мора да преземам нешто за повторно да го доведам моето тело во баланс.

Препишаната терапија за Хеликобатер Пилори, кај мене се покажа како резистентна, така што единствено ми преостана да почнам со наменска диета на база на алкална храна и на природен начин да се обидам да ја излекувам и да ги намалам симптомите. Започнав со сериозни рестрикции во изборот на храна, при што дневното мени ми се сведуваше на зелен чај, киноа, варен зеленчук, интегрален ориз и печено мисиркино месо.

Дали си зададовте прецизна цел која го поттикна почетокот на оваа трансформација?

Се разбира, имав цел да се ослободам од тие 10 килограми. Но, поради бактеријата се соочив и со губење на енергија што ми создаваше дополнителни проблеми при спортување. На моменти се чувствав фрустрирано бидејќи се хранев здраво, вежбав, но сепак не успевав да се ослободам од килограмите.  

Од каде дознавте за Nume и зошто ја одбравте токму оваа храна?

За NuMe дознав од блиска пријателка која ги користи нивните производи по физичка активност. Ме запозна со девојките од ПРО ФИТ, за што сум и многу благодарна. Заедно утврдивме со која динамика на консумирање треба да почнам и од почеток до крај тие беа моја поддршка во процесот на намалување на килограмите. По одреден период, постепено, во мојата секојдневна исхрана ги вративме и домашно подготвените оброци. Секако, се уште се консултирам со нив во однос на нутриционистичкиот аспект за комбинирање на состојките во оброците кои си ги приготвувам. 

По што се разликува Nume од другите диети?

Според мене NuMe, не е диета туку здрав начин за детоксикација на организмот и намалување на килограми. Станува збор за одлично балансирани шекјови, супи и чоко-барови, кои покрај протеин, во својот состав содржат колаген, влакна, витамини и минерали. Не содржат ГМО и не содржат глутен, што во мојот случај, при борбата со хелико-бактеријата, се покажа многу корисно. 

Искрено, на почетокот немав големи очекувања бидејќи и претходно сум била на „диети“ кои не се покажале особено ефективни. Но, навистина позитивно бев изненадена веќе во првите 10 дена. Подуеноста полека се намали, се чувствував одлично, енергично. Кризни моменти воопшто немав, бидејќи производите на NuMe се достапни во повеќе вкуснови, па согласно расположението во моментот секогаш имав одличен избор за заситување.  

Дали беше тежок целиот процес?

Јас лесно поминав, другите мислете му ја (се смее). Строго се придржував до советите кои ми ги даваа девојките од ПРО ФИТ. Дури водев и личен дневник за дневниот внес на храна. Мислам дека наскоро ќе може да го погледнете во дигитална форма на веб страната на ПРО ФИТ

Колку килограми се намалија?

За 60 дена намалив вкупно 7 килограми, кои повеќе се покажуваат во обем отколку на вага. Бидејќи активно спортувам 6 дена во неделата, моето тело доживува трансформација на масните наслаги кои се губат, а добивам на мускулна маса. 


Дали ќе продолжите со овој начин на исхрана и дали ја препорачувате и на другите?

Се разбира. За празниците си дадов мала пауза од 10 дена. Бидејќи успеав да ја регулирам и намалам тежината, во иднина ќе ги користам производите на NuMe само за појадок и по физичка активност. 

Многу пријатели и познаници веќе ме испрашаа околу NuMe. Би ги препорачала секому, не само како диетски производ, но и како производ корисен за одржување на спортската фигура. 

Како влијаеше Nume и врз другите сегменти од вашиот живот?

Најмногу влијаеше врз моето физичко здравје, презадоволна сум што ми се врати енергијата и кондицијата за спортување. Морам исто да спомнам дека резултатот од внесот на колаген преку производите на NuMe, може да се забележи и на мојата кожа, особено на лицето. Кожата станува многу помазна, посвежа и поеластична.

Дали верувате дека оваа храна ќе ги промени вашите прехрамбени навики на долгорочен план?

Верувам, затоа што таа веќе и ги промени моите навики. Почнав со редовна исхрана на 3 часа, внимавам на соодносот на протеини, масти и јаглени хидрати во моите оброци, и секако почнав да го читам составот на секоја храна што ја купувам.



Спонзорирани линкови

Маркетинг