Мирно пливала, а одеднаш ја опкружиле китови-убијци: Тие ѝ се придружиле и ја повикале да си игра со нив

Точка

15/12/2018

11:48

4.194

Големина на фонт

а а а

Ова е нешто за кое многумина од нас само можат да сонуваат - пливате во океанот кога одеднаш здогледувате фамилија на големи цицачи која ви се придружува во пливањето.

Ваквата сцена ѝ се случила на една жена која пливала на плажата Хахеи во Нов Зеланд, а целата ситуација била случајно забележана со дрон. На снимката се гледа како жената ужива во своето утринско пливање, кога три орки изненадно одлучуваат да ѝ се придружат.  

"Видов голема бела шара на нивниот грб и помислив: "Ох Боже, ова не се делфини, ова се китови-убијци". Навистина беше искуство кое ми го промени животот", вели Џуди Џонсон.

Видео снимката која ја направил фотографот Дилан Брејшов ги прикажува орките како разиграно ѝ приоѓаат на Џуди додека плива и изгледаат како деца кои сакаат да си играат со неа. Еден од китовите дури неколку пати ги допрел нејзините стапала со врвот од носот, како да ја повикува на игра.

"Бев навистина возбудена и се гледаше колку беа возбудени и тие во врска со мене. Меѓутоа, во еден момент ми пројде една мисла низ глава: "Чекај, тие јадат фоки, а јас носам црно одело за пливање". Не ми беше баш сеедно", изјавила Џонсон.

Слична сцена доживеал и Роуан Вирбикас на 26-ти ноември. Имено, додека собирал морски ежови, тој наишол на семејство орки - три возрасни китови и едно младенче, кои исто така разиграно пливале околу него. Вирбикас успеал да ја сними оваа неверојатна средба со својата GoPro камера.

Поради честите инциденти во водените паркови како што е "SeaWorld" во кои орките ги убиваат или повредуваат своите тренери, и поради нивниот прекар "кит-убиец", овие цицачи имаат репутација на агресивни животни. Но, иако тие се способни да убијат и многу поголем плен од човекот, орките никогаш не убиле човек во своето природно опкружување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг