Снимателите денеска куртулија од дополнителни проверки поради снимање на обвинителките

Макфакс

14/12/2018

13:49

1.577

Големина на фонт

а а а

Снимателите кои направија снимки од денешното рочиште за ,,крвавиот четврток”, за разлика од вчера, не беа изложени на дополнителни проверки и бришење на материјалите на кои се гледаат обвинителките од Јавното обвинителство.

По вчерашниот скандал кој наиде на бурни реакции од јавноста кога по барање на една од обвинителките судската полиција бришеше материјали од снимателите на кои е снимена истата, денеска обвинителките седеа мирно и не ургираа до полицијата додека снимателите земаа инсерти од судницата.

Од Кривичниот суд велат дека немаат никаква врска со вчерашниот настан и дека полицискиот службеник ќе даде изјава за преземените дејствија.

Во одобренијата што медиумските екипи претходно ги обезбедуваат од Врховниот суд, никаде не е ограничено снимањето на странките во постапката. Обвинителите исто како и обвинетите се странки во постапката пред судот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг