Туск: В четврток самит на ЕУ за брегзит, нови преговори нема

Макфакс

11/12/2018

11:03

937

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вчера изјави дека за в четврток, на првиот ден од самитот на ЕУ во Брисел, ќе биде разгледана состојбата околу брегзит со цел да се одговори на забелешките на британскиот договор за напуштање на Унијата, но како што посочи тој, нема да има повторни преговори.

„Решив да организирам самит за брегзит в четвртокот. Нема да преговараме повторно за договорот, ниту, пак, во делот за безбедноста, но ние сме подготвени да разговараме за да ја олесниме британската ратификација”, посочи Туск.

Претседателот на Европскиот совет рече дека на самитот ќе се дискутира и за подготвеноста на ЕУ во случај Велика Британија да не го усвои договорот.

Дводневниот самит на ЕУ беше закажан од претходно, но не исклучиво за брегзит, туку за буџетските прашања. Поради несогласувањата дури и од страна на своите претставници во парламентот, британската премиерка Тереза ​​Меј вчера одлучи да го одложи денешното гласање за договорот во парламентот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг