За 150 илјади долари можете да купите Nissan GT-R, Porsche 911... или само ентериерот на Bugatti Veyron

Точка

06/12/2018

16:50

1.599

Големина на фонт

а а а

За 150 илјади долари може да се купи фантастичен автомобил – од „ѕвер“ со AMG ознака, преку Nissan GT-R, Porsche 911 или Chevrolet Corvette.

И не само тоа, со тие пари можете да си дозволите луксузен премиум SUV, па дури и да ви останат пари. Но, тие пари би ви биле доволни за да уживате во Bugatti Veyron, но не во целиот автомобил, туку само во ентериерот.

Имено, Braman Motors, продажен салон од Мајами, продава целосно нов, комплетен ентериер за Bugatti Veyron 16.4 од 2008-ма година. Седиштата, панелите од вратите и централната конзола биле извадени од автомобилот пред испораката, така што тие воопшто не се користени – сето тоа се продава по цена од 150 илјади долари.


Сепак, ова е одлична прилика за оние кои што сакаат да го „освежат“ ентериерот на својот Veyron и да го претворат во практично нов автомобил.


Иако цената изгледа неверојатно висока, сепак треба да се земе во предвид дека овој автомобил кога беше пуштен во продажба чинеше 1,3 милиони долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг