Овој град нуди 10.000 долари само да се преселите: Нов стан и месечни приходи една година

Точка

20/11/2018

14:11

5.726

Големина на фонт

а а а

Како дел од новата иницијатива, Тулса во Оклахома нуди 10.000 долари, но и многу други бенефиции на сите оние кои ќе одлучат да се преселат во овој град за работа во наредната година.

Проектот го носи името "Tulsa Remote", а го основала фондацијата на семејството Џорџ Кајзер со намера градот да донесе претприемници кои се заинтересирани дополнително да го развиваат својот бизнис во овој град. 

Секој што ќе се одлучи да се пресели во Тулса ќе добие 10.000 долари помош во текот на годината, прво 2.500 надомест за трошоци за селење, како и 500 долари месечно до финалните 1.500 долари на крајот на 12-те месеци.

Оние кои ќе минат на конкурсот ќе живеат во нови, опремени станови со 33 проценти попуст на комуналии.