Едно лице почина, а две се ранети откако неидентификуван напаѓач во Мелбурн со нож нападна луѓе на улица. Инцидентот се случил во деловен кварт во Мелбурн, во 16:20 часот кога луѓето си бегале од работа.
Како што јавуваат австралиските медиуми, полицијата е повикана поради пожар во автомобил во центарот на градот, а после доаѓањето на местото на настанот затекнале манијак со нож кој наводно го запалил и автомбилот.
Тој ги нападнал и полициските службеници кои откако не успеале да го совладаат, пукале во него.
"Еден маж е уапсен на лице место и е префрлен во болница со полициско обезбедување и е во критична состојба", додава полицијата.
На социјалните мрежи објавени се бројни снимки од настанот. Изгледа дека мажот прво предизвика експлозија на автомобилот со кој дошол, а потоа започнал да ги напаѓа минувачите. Четири ги избодел со нож, а еден од нив починал.
#DIRECTO 🔵 La policía de #Melbourne abre fuego contra un hombre que les atacó con un cuchillo tras prender fuego a su vehículo; varios agentes y un peatón heridos.https://t.co/DPebxkvZQ4
— eSPAINews (@eSPAINews) November 9, 2018
Кога полицајците пристигнаа на местото на настанот се обиделе да го совладаат, но тој ги нападнал со нож. Откако не успеале, еден од полицајците пукал во напаѓачот.
"Излеговме од KFC и видовме дека автомобилот гори. После тоа видовме маж кој лежи на улица, со главата кон патот и крв околу главата. Речиси сум сигурен дека беше избоден во лице. Сакав да му помогнам, но бев во шок. Немав поим што да направам", вели вработен во KFC.
Полицијата побара од населението да не доаѓаат во таа област, меѓутоа и да не бараат останати сомнителни лица.
"Засега на бараме никој друг. Точните околности мора да се одредат. Квартот е затворен. Засега не гледаме никаква поврзаност со тероризам", вели Дејвид Клејтон, полициски службеник.