5 најчести грешки кои ги правите при подготовка на оброците

Точка

26/10/2018

13:00

3.469

Големина на фонт

а а а

Готвените оброци можат да бидат одличен начин за да му овозможите на вашето тело да ја прими правилната храна која ќе ви даде енергија и ќе допринесе за вашето здравје. Многу често правиме грешки додека ја подготвуваме храната и тоа има негативно влијание врз нашето здравје. Во прилог ќе ги спомнеме петте грешки кои во иднина треба да ги избегнувате.

1. Не јадете само за да се заситите себе или своите емоции

Кога ќе тргнеме да подготвуваме храна пред претходно да размислиме за состојките кои ги користиме, најчесто производот на таквата подготовка е храна која не содржи многу хранливи состојки и јадеме само со цел да се заситиме. Внимавајте на изборот на состојките и трудете се истите да бидат избалансирани од аспект на количеството на протеин, здрави масти и сложени јаглехидрати. Доколку не се трудите да направите баланс во оброците, многу брзо откако сте јаделе ќе бидете повторно гладни.

За сите оние кои не се толку умешни во балансирање на состојките или немаат секогаш време да готват, тука се NuMe, избалансираните оброци кои содржат точно измерени хранливи вредности кои се потребни да ги примите преку оброкот. Многумина ги консумираат NuMe првично затоа што се во потполност здрави, не содржат ГМО и се многу едноставни за подготовка било кога и каде.

2. Подготвувате неумерена количина на храна

Секој организам различно ја вари храната. Од клучно значење е да му овозможите на телото да прими здрава храна во умерена количина. Треба да анализирате со колкавии порции вашиот организам се чувствува најаден. Уште поважно е тие порции да содржат здрави состојки, бидејќи телото побрзо се заситува и бара помало количество на храна кога храната што ја внесувате е здрава и избалансирана.


Тука повторно можеме да ги препорачаме оброците NuMe, бидејќи секој оброк е прецизно избалансиран и со секоја консумација на овие оброци вие го учите и навикнувате телото на соодветно и умерено количество храна.

3. Јадете кога сте веќе многу гладни

Исклучително важно е да почнете со подготвување на храната додека не сте многу гладни. Една од круцијалните грешки кои се прават е поготовката на храна кога сте веќе многу гладни, па со тоа уште повеќе го зголемувате апетитот. Резултатот од оваа грешка е прејадување.


Во моменти кога сте веќе многу гладни, а знаете дека ви е потребно повеќе време за да си зготвите нешто, повторно решение може да ви биде некој од оброците на NuMe. За да си направите еден шејк од NuMe ви е потребно само една минута, додека пак протеинските кранчови нема да ви одземат воопшто време бидејќи се готови. 

4. Премногу комплицирате

Не си го отежнувајте животот. Целта на храната е всушност да ви го олесни животот. Некои луѓе сакаат да експериментираат со нови рецепти и повеќе видови храна, додека пак други се сретнуваат со потешкотии кога треба да готват. Доколу се пронаоѓате кај вториот тип на луѓе, придржувајте се до едноставните рецепти.

5. Секојдневно јадете иста храна

Здравата храна не значи досадна храна. Важно е да се навикнете да внесувате различни состојки во оброците кои ги приготвувате и да се трудите да јадете разновидно и избалансирано. Правете комбинации од продукти, консумирајте разновидни салати и на тој начин подобро ќе го исхранувате телото и општо храната нема да ви биде досадна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг