Претседателите на Франција и САД разговараа за убиството на новинарот Кашоги

Макфакс

22/10/2018

13:34

1.170

Големина на фонт

а а а

Претседателите на Франција и САД, Емануел Maкрон и Доналд Трамп, минатата ноќ разговарале за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги кој беше убиен во конзулатот на неговата земја во Истанбул, соопшти Белата куќа.

Портпаролката на претседател на САД, Доналд Трамп, Сара Сандерс објави дека двајцата шефови разговарале телефонски во пресрет на доаѓањето на американскиот претседател во Франција во чест на стогодишнината на примирјето од 1918 година, и дека меѓудругото во телефонскиот разговор тие зборувале и за „околности околу трагичната смрт на новинарот од Саудиска Арабија, Џамал Кашоги, изјави Сандерс.

Откако покажа попустливост кон Саудиска Арабија во врска со аферата, Трамп го смени тонот во саботата, велејќи дека тоа очигледно било измама и лага. Франција пак во неделата, заедно со Германија и Велика Британија, повика на „итна потреба да се расвети убиството“. Ријад во саботата призна дека Кашоги бил убиен во саудискиот конзулат во Истанбул, и тоа како што посочија според нивната истрага се случило во тепачка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг