Мистериозниот црн прстен на принцот Хари: Го ставил на прстот кратко по венчавката, а ова е неговата вистинска намена

Точка

19/10/2018

21:56

9.527

Големина на фонт

а а а

Откако војводата од Сасекс се појавил со необичен црн прстен на десната рака, кој од тогаш не го вади, не престанува интересот на јавноста за него.

Откако во вторникот пред граѓаните, држејќи ја нежно за рака својата бремена сопруга, пристигнал принцот Хари, не престанува интересот на јавноста за необичниот црн прстен кој  го носел на десната рака. 

Првобитните претпоставки биле дека тоа е всушност подарок од Меган, откако ја објавиле веста за бременоста, или најава за Инвиктус игрите во Сиднеј, но одговорот е многу поедноставен.

Како што дознава списанието "People", станува збор за прстен со име "Oura", кој всушност е модерен тракер и ги следи сите активности, па податоците ги пренесува на паметен телефон.

Прстенот е направен од титан и доаѓа во два различни модели и дури четири бои, а принцот го одбрал моделот во црна бојна.

Дека нема ништо против носење на накит, принцот покажал веднаш по венчавката, бидејќи од тогаш не го извадил својот венчален прстен.