Мекларен го најави својот најбрз модел досега: Наскоро пристигнува бруталниот Speedtail

Точка

15/10/2018

19:48

2.215

Големина на фонт

а а а

Британците се во налет, а најдобар доказ за тоа е најавата на најбрзиот модел во историјата на оваа компанија кој што наскоро треба да пристигне на пазарот.

Идниот хиперавтомобил кој ќе биде опремен со би-турбо бензинец 4.0 V8 и електромотор, ќе располага со вкупна сила од над 1000 коњски сили и според проценките, ќе му овозможи од 0 до 100 километри на час да забрза за неверојатни 2,1 секунди.

Новиот “top-gun” модел на британски Мекларен, од каде што ја објавија првата тизер фотографија, ќе ја комбинира моќта на бруталниот V8 мотор со електромотор, па максималната брзина ќе изнесува вртоглави 390 километри на час.


Овој „болид“ на Мекларен е концепциски hi-tech хибридна верзија на ултимативниот модел McLaren F1. Најавена е серија од 106 примероци и сите веќе се резервирана, а секој автомобил ќе се продава по цена од два милиони евра.

Официјалното претставување на најбрзиот Мекларен на сите времиња е закажано за 26-ти октомври кога ќе ги дознаеме сите детали за новото британско чудо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг