Неколку лесни чекори за да создадете совршен баланс во исхраната

Точка

13/10/2018

10:15

2.694

Големина на фонт

а а а

Избалансирана диета е онаа која му ги дава сите потребни нутритиенти на вашето тело за да може да ги врши своите секојдневни функции.

За да постигнете избалансирано исхранување, потребно е да консумирате одредено количество калории на дневна база и тоа преку:

- Свежо овошје
- Свеж зеленчук
- Продукти од цело зрно
- Мешункасти плодови
- Јаткасти плодови
- Чист протеин 

За калориите

Познато е дека бројот на калории во храната е всушност количеството енегрија кое се содржи во истата. На телото му се потребни калории за сите функции, меѓу кои најважните: движење, размислување, дишење како и се што правиме секојдневно - зема енергија токму од калориите внесени во нашиот организам.

Во просек на човекот му е потребен внес од 2.000 калории за да ја одржува својата телесна тежина. Секако, внесот на калории кај секоја индивидуа може да варира зависно од возраста, полот и физичката активност. На мажите генерално им се потребни повеќе калории отколку на жените, а и на луѓето кои вежбаат и се физички поактивни им се потребни повеќе калории од на оние кои се помалку физички активни.

Изворите на калориите кои ги внесувате во телото се исто толку важни како и бројот на калории кои ги консумирате. Треба да се внимава и да се намали косумацијата на празни калории, односно оние калории кои имаат многу мала или воопшто немаат хранлива вредност. Храна која содржи повеќе празни калории е: Сланина, колбаси, торти, колачи, кажкавал, крофни, енергетски пијалоци, овошни сокови, сладолед, пица, како и спортските и газираните пијалоци.

Зошто е важна избалансираната исхрана?

Балансираната исхрана е примарно важна за ефикасно функционирање на ткивата и органите. Доколку се исхранувате со неизбалансирана исхрана, вашето тело е повеќе подложно на разни заболувања, инфекции, лошење и намален перформанс на секојдневните функции. Децата кои се исхрануваат со неизбалансирана исхрана се под поголем ризик за проблеми во растот и развитокот, а во тој период се стекнуваат и лошите прехрамбени навики кои потоа се задржуваат на долгорочен план.

Според некои истражувања во САД, се дошло до заклучок дека четири од десет причини за смртност во Америка се директно поврзани со лошата исхрана. Последиците од таквата исхрана биле најчесто срцеви заболувања, канцер, срцев или мозочен удар и дијабет.

Како да постигнете избалансирана исхрана?

Покрај тоа што е одличен извор на хранливи материи, овошјето е и многу вкусна храна. Најдобро е да се јаде сезонско овошје бидејќи тоа е најсвежо и содржи најмногу нутритиенти. Овошјето само по себе содржи многу шеќер. Иако овој шеќер е природен, сепак треба да се внимава со количеството кое го внесувате и изброт на овошки. Најповолно за избалансирана исхрана е бобичестото овошје, бидејќи тоа содржи најмало количество на шеќери.

Зеленчукот е примарен извор на витамини и минерали. Зелениот зеленчук генерално содржи најмногу хранливи материи и може да се јаде со секој оброк. Со честа консумација на зеленчук, ќе придонесете во балансот на исхраната.

Протеинот е основниот и примарниот нутритиент кој ги храни мускулите и мозокот и го овозможува нивното развивање. Најдобрите опции за внес на чист протеин се пилешкото месо, рибата како и одредени продукти на свинското и телешкото месо. Покрај овие извори на протеин, денес на пазарот ни е понудено уште едно решение, создадено од лекари и нутриционисти и препорачано за сите оние кои сакаат да се исхрануваат со балансирана исхрана. Станува збор за нутриционистичката програма NuMe, храна во чија основа се содржи колагенот како главен протеински извор.

NuMe е храна на модерното време, храна која може да ја носите секаде со себе бидејќи е многу едноставна за подготовка. Асортиманот на NuMe содржи протеински шејкови, супи, протеински барчиња, како и слатки карамели кои се богати со колаген. Оваа нутриционистичка програма ќе ви овозможи да го одржите балансот во исхраната бидејќи таа сама по себе е идеална комбинација на високи нутритивни вредности, низок внес на калории, без додадени шеќери и доволно протеини да ви помогнат во одржување на мускулна маса.

NuMe Слим храната со Колаген може да Ви ги замени сите дневни оброци. Оваа храна не содржи ГМО, со што ви се овозможува консумација на здрав извор на протеин, без никакви модификации кои се среќаваат кај другите храни и предизвикуваат токсични или алергиски ефекти кај консуматорите. NuMe е совршено решение за брзото и динамично темпо на животот кој го живееме денес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг