Манчестер Јунајтед се соочува со доста проблеми во првите неколку месеци од оваа кампања, резултатите се далеку од посакуваното ниво, а еден од виновниците е Пол Погба.
Погба никако не може да се наметне и да биде постојан во своите настапи од натпревар во натпревар, плус е во заладени односи со тренерот Жозе Мурињо, па кога се ќе се собере сосема е јасно зошто „црвените ѓаволи“ во моментов се наоѓаат во ваква ситуација.
Имеше одредени информации дека Јунајтед веќе размислува за продажба на Погба и се споменуваат суми и од 200 милиони евра. Меѓутоа ако се суди по ставот, пораката која агентот на Французинот ја испрати тогаш јасно е дека премиерлигашот воопшто не размилсува да се солободи од големата ѕвезда.
-Во моментов не сакам да зборувам за Погба. Ова е деликатен момент за сите. Јунајтед беше јасен кон сите, Погба не е на трансфер пазарот, -истакна Мино Раиола.
Пол сезонава има постигнато четири погодоци во сите натпреварувања.