Шведскиот напаѓач одлучи да даде свој коментар во врска со гласините според кој тој наскоро би требало да се врати во Милан.
Ибрахимовиќ на почетокот на оваа година се пресели од Манчестер Јунајтед во Лос Анџелес Галакси, а деновиве бројни италијански медиуми тврдеа дека Швеѓанецот наскоро би можел да се врати во Милан.
„Секогаш постојат гласини. Целиот свет ме посакува. Тоа е нормално“, изјави во свој стил Златан Ибрахимовиќ.
Да потсетиме, Ибрахимовиќ настапуваше за Милан од 2010-та до 2012-та година и за две сезони тој постигна 56 погодоци на 85 натпревари во црвено-црниот дрес.