Сантош: Аферата нема врска со неповикувањето на Роналдо

Макфакс

05/10/2018

13:53

1.643

Големина на фонт

а а а

Португалскиот селектор, Фернандо Сантош, ги демантира новинарските шпекулации дека Кристијано Роналдо не е повикан во репрезентацијата за дуелите со Полска и Шкотска, поради аферата што деновиве ги полни медиумите. Сантош верува дека фудбалерот е невин по обвинувањата дека во 2009 година силувал девојка во Лас Вегас.

„Веднаш ќе ви кажам дека јас ги поддржувам своите играчи. Меѓутоа овде не се работи за некакво солидаризирање. Едноставно верувам во она што фудбалерот јавно го кажа, силувањето е тешко злосторвство. Го познавам Роналдо и му верувам. Не е повикан во репрезентацијата бидејќи одлуката за тоа многу пред ова да се случи беше заеднички донесена“, рекол Сантош и дополнил.

„Решивме да не го повикаме Роналдо за овие две средби. Тој не сака да се пензионира. Тоа неколку пати го кажал, подготвен е секогаш да биде тука за Португалија“.