Црвена Звезда ја доби првата вистинска лекција во Лигата на шампионите, откако оваа вечер едноставно не можеше да пронајде решение за ПСЖ, а особено за супер расположениот Нејмар.
Бразилецот буквално ги излудуваше играчите на српскиот шампион со своите потези и дриблинзи, но исто така беше и маестрален кога е во прашање реализацијата пред противничкиот гол.
Овој натпревар беше и момент кој ја прекина серијата од 34 натпревари без пораз за тимот на ,,црвено-белите”. Веднаш со коментар се јави и еден од најдобрите француски спортски новинари, Мат Спиро, кој со коментар ја ,,закопа” Црвена Звезда.
– Тимот на Црвена Звезда немала пораз на 34 натпревари. Прашањето е со кого играле до сега ако немале пораз, – напиша Спиро.
Red Star unbeaten in 34 games before tonight. Who the hell have they been playing???
— Matt Spiro (@mattspiro) October 3, 2018