Израел се закани со употреба на „Ф-35“ стелт авионите кои рускиот „С-300“ не може ниту да ги детектира: Ќе ги уништиме и руските ракетни системи

Точка

04/10/2018

16:41

8.060

Големина на фонт

а а а

Русите потврдија дека е испорачан против-воздушниот систем „С-300“ во Сирија, а рускиот министер за одбрана истакна дека системот „ќе олади некои вжештени глави“.

Тоа најверојатно се однесува на Израелците, со оглед на тоа што авионите на израелското воено воздухопловство со години бомбардираат цели во Сирија.

Но, треба да се истакне дека иако сириската армија е снабдена со напредниот „С-300“ против-воздушен систем, истовремено Израелците немаат намера да сопрат со воздушните напади во Сирија, а тоа во неколку наврати го потврдија израелскиот министер за одбрана и премиерот Нетанјаху.

Сега се наметнува прашањето како Израел ќе ги изведува своите операции во Сирија, без притоа израелските авиони да бидат соборени од понапредната против-воздушна одбрана со која ќе располага сириската армија веќе до крајот на овој месец. Се разбира, со употреба на најмодерните стелт ловци „Ф-35“.


„Новите напади ќе бидат уште посигурни за нашите пилоти, имајќи ја во предвид новата реалност на небото над Сирија“, изјавил извор од израелските воздушни сили во разговор за израелското воено радио.

„Имаме намера да ги употребиме најскапите авиони на светот“, изјавил истиот извор, очигледно алудирајќи на најмоќните „Ф-35“ борбени стелт ловци од американско производство кои што се од последната, петта генерација.

Имено, Израел од САД има купено вкупно 50 вакви авиони по цена од вртоглави 125 милиони долари по авиони. Осум авиони веќе се оперативни во рамките на израелската армија, а уште 30 се очекуваат до крајот на 2021-ва година.

„Ф-35“ авионите од петта генерација се опремени со посебен радарски систем “AESA” кој што му овозможува на авионот да лета на непријателското небо без да биде фатен на радар, што значи дека најверојатно Русите попусто го распоредија системот „С-300“, затоа што истиот не е способен да ги детектира новите напредни стелт ловци.


Предстојната битка помеѓу „Ф-35“ и „С-300“ ја коментираше и израелсккиот министер Тзачи Ханегби, кој што запрашан дали рускиот „С-300“ ќе ги „скрати крилата“ на израелските авиони, порача дека тоа нема да се случи.

„Дефинитивно не. Нашите оперативни способности се такви што „С-300“ воопшто нема да ги намали нашите можности за делување. Знаете дека имаме невидливи ловци, американските „Ф-35“, тоа е најдобриот авион на светот. Рускиот „С-300“ не може ниту да го детектира, а не пак да му се закани“, изјави израелскиот министер.

Дека Израелците не се шегуваат, односно се сериозни во намерата да ги употребат своите најмодерни стелт ловци, доволно говори информацијата на британската новинска агенција „Ројтерс“ која што откри дека уште во 2015-та година израелските ловци извеле воени вежби во кои што бил вклучен грчки „С-300“ против-воздушен систем.

Ханегби исто така потврди дека Израел би можел директно да ги нападне лансерите на „С-300“: „Веќе претходно, пред неколку месеци, бевме присилени да ги уништиме сириските батерии. Се надевам дека нема да бидеме предизвикани да го сториме истото пак“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг