Почина најстариот жител на Србија: Никогаш не пиел кафе ниту алкохол, а се женел пет пати

Точка

14/11/2026

21:00

203

Големина на фонт

а а а

Вукосав Ѓорѓевиќ од Заечар, најстариот жител на Србија, почина на 10 ноември на 106-годишна возраст, по повеќе од еден век живот исполнет со работа, семејни моменти и историски искушенија, пренесуваат регионалните медиуми.

Ѓорѓевиќ е роден во 1920 година во селото Црни Врх, на падините на Стара Планина, каде што пораснал во сиромаштија. За време на Втората светска војна им се приклучил на партизаните и учествувал во ослободувањето на Сараево.

Најголемиот дел од работниот век го поминал на железница

По војната ја продолжил воената кариера. Во војската поминал десет години и добил неколку одликувања. Најголемиот дел од работниот век го поминал на железница, работејќи како машиновозач.

Се пензионирал во 1977 година, но продолжил да извршува различни работи. Велел дека работата го одржува човекот витален и често ги советувал помладите да бидат вредни и активни.

Возел велосипед до 103-годишна возраст

Дури и во длабока старост останал витален. Велосипед возел сè до 103-годишна возраст, а својот 106-ти роденден го прославил кон крајот на септември оваа година, во кругот на семејството.

Раскажувал дека никогаш не пиел кафе ниту алкохол и дека не пушел цигари, а имал и многу интересен љубовен живот. Се женел петпати, а последен пат во 1995 година, кога на 75-годишна возраст стапил во брак со Љубица.


Зад себе оставил три сина и една ќерка, а за најдрагоцени спомени во животот ги сметал моментите поминати со своите деца.

Ѓорѓевиќ станал најстариот жив жител на Србија на 14 март оваа година, по смртта на 106-годишниот Живорад Марковиќ од Белград.