Не можеше да помине без инциденти: Жестока тепачка помеѓу навивачите на ПСЖ и Црвена Звезда

Точка

04/10/2018

11:06

2.474

Големина на фонт

а а а

Навивачите на ПСЖ и Црвена Звезда учествуваа во масовна тепачка после синоќешниот натпревар помеѓу нивните екипи во рамките на второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Масовната тепачка изби пред стадионот „Паркот на принцовите“ веднаш по завршувањето на натпреварот, а според неофицијални информации, во тепачката учествувале околу 350 навивачи на двата клуба.

Засега не е познато дали има повредени, а јасно е дека поради дивеењето на хулиганите морала да интервенира париската полиција.

Инаку, ПСЖ синоќа пред своите навивачи славеше висока победа од 6:1 против гостите од Белград.